logo
logo
logo

СЀ ПОБРЗО ОПАЃА БРОЈОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО

Vecer | 27.08.2025

СЀ ПОБРЗО ОПАЃА БРОЈОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува минус 1.135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот период лани е намален за 4,2 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1,2% во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.876 лица, а од нив 13 се доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.792 бракови и нивниот број е зголемен за 8,1 % во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува зголемување од 0,4 % во споредба со истиот период од 2024 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk