logo
logo
logo

До декември 2027 треба да заврши изведбата на Универзална сала во Скопје по принцип „клуч на рака“

Vecer | 18.10.2025

До декември 2027 треба да заврши изведбата на Универзална сала во Скопје по принцип „клуч на рака“

Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – по принцип на изградба Клуч на рака“.

„По завршување на законските рокови за доделување на договорот ќе биде потпишан договорот за изведба, а по исполнување на сите потребни предуслови за почеток на градба и воведување на изведувачот во работа, ќе следи официјалното започнување на градежните активности.

Рокот за реализација на проектот е предвиден до декември 2027 година. Набавката се реализира по принципот Клуч на рака, што значи дека во предвидениот рок објектот ќе биде целосно изграден, уреден и подготвен за користење, односно за одржување на концерти, настани и други културни содржини“, велат од Министерството.

Од  Министерството за култура и туризам потсетуваат дека по преземањето на објектот на Универзална сала од Градот Скопје, а особено по настанатиот пожар, Министерството спровело низа активности со цел успешна реализација на проектот за нејзина реконструкција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk