logo
logo
logo

Изет Меџити, на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Одеса

„Силно ја осудуваме руската агресија и бараме ИТНО ЗАПИРАЊЕ НА ВОЈНАТА“

Vecer | 12.06.2025

„Силно ја осудуваме руската агресија и бараме ИТНО ЗАПИРАЊЕ НА ВОЈНАТА“

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Македонија, Изет Меџити, учествуваше на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“ што се одржа во Одеса, Украина.

Самитот, кој беше отворен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претставува продолжение на претходните средби одржани во Атина, Тирана и Дубровник, со учество на високи претставници од земјите на Југоисточна Европа. Главната цел на самитот е поддршка за Украина и зајакнување на регионалната соработка и безбедноста.

Во своето обраќање, вицепремиерот Меџити изрази благодарност за гостопримството на украинските власти и ја реафирмираше непоколебливата поддршка од страна на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Обединети сме пред предизвиците кои го загрозуваат мирот, безбедноста и меѓународниот поредок. Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната“, – истакна тој.

Вицепремиерот Меџити ја нагласи и посветеноста на земјата за продлабочена регионална соработка и изградба на безбедна, мирољубива и демократска Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk