logo
logo
logo

НОВА МЕТЛА ВО СДСМ: По Заев сега и Филипче најавува “чистка во партијата“, веќе видено веќе згрешено

Vecer | 26.10.2025

НОВА МЕТЛА ВО СДСМ: По Заев сега и Филипче најавува “чистка во партијата“, веќе видено веќе згрешено

Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави политички и кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на изборниот процес.

– Овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период. Затоа што очигледно е дека е потребно, особено во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат – да продолжиме со интензивна работа. Дозволете да најавам политички и кадровски промени во раководството, нели, после изборите – за што ќе бидете известени – рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Аеродром.

Тој исто така рече дека конечната одлука за тоа како ќе се постави партијата во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг ќе биде донесена во следните денови.

Во однос на евентуална поддршка на кандидати од ДУИ или Левица, тој посочи дека разговорите се во тек и не се водат само за Кичево или Брвеница, туку и за други општини како Скопје, Карпош и Куманово.

Филипче упати повик до граѓаните на Аеродром масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг и да ја поддржат кандидатурата на Александар Трајановски за градоначалник на општината.

Според Филипче, Трајановски се издвојува како сериозен кандидат кој веќе на терен покажал дека знае како да ја води општината и понудил реални решенија за нивните проблеми.

– Во секој аспект и од секој агол, тој е неколкукратно подобар од противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ – нагласи Филипче.

Тој посочи дека актуелниот градоначалник не понудил отчет зошто не е реализирана ниту петтина од предизборната програма, што, како што рече, е сигнал дека Аеродром може и мора подобро.

– Човекот нема одговор на тоа зошто не е исполнето ниту 20% од неговата програма. Сметам дека Аеродром заслужува многу повеќе од тоа – додаде Филипче, упатувајќи апел до жителите да направат промена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk