МВР објави детали за тешка сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа на влезот во Скопје, кај Хиподром, кога се судрија патничко возило и камион.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 10 февруари 2026 година во 23:00 часот на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на главниот град.
Судирот се случил помеѓу патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, скопско, и товарно возило Мерведес со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
Во несреќата двете возила се запалиле и целосно изгореле, а возачот на БМВ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата