Денеска одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави.

„САД остануваат искрен сојузник и пријател, поддржувајќи ги нашите реформи и напори во борбата против организираниот криминал, корупцијата и сите безбедносни закани.
Во овие три децении изградивме доверба и партнерство кое денес се темели и во рамките на сојузништвото во НАТО.
Заедно работиме за посигурна, стабилна и просперитетна иднина за нашите граѓани.
Убеден сум дека ова партнерство ќе продолжи да расте и да носи нови успеси“ - објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата