logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ ВОЗЕШЕ ПОДАРЕНО „АУДИ“, КОВАЧЕВСКИ ИЗБЕГА, СТРУЈАТА ЈА ПОСКАПЕА ЗА 50%

Vecer | 24.12.2025

ФИЛИПЧЕ ВОЗЕШЕ ПОДАРЕНО „АУДИ“, КОВАЧЕВСКИ ИЗБЕГА, СТРУЈАТА ЈА ПОСКАПЕА ЗА 50%

Каква е врската на лидерот на СДСМ Венко Филипче со Енис Колашинац, бизнисменот кој го снабдуваше ЕСМ со јаглен во времето на претходната влада, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Во обемно соопштение партијата вели дека народот ги памети „грабежите во енергетскиот сектор“.

„Поради колапсот и неспособноста да менаџираат со електроенергетските капацитети, како криминалните тендери со кои се богатеа, за седум години власт, СДСМ за 7 години власт ја поскапе струјата за 50%“.

ВМРО-ДПМНЕ прашува и од каде му е службеното луксузно „Ауди Q8“, алудирајќи на газдата на бугарската фирма „Зобек мининг груп“.

ВМРО-ДПМНЕ тврди и дека повеќе од 50 функционери се со кривични пријави и дека поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски, од редовите на СДСМ, е во бегство со украдени пари.

„Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра?

Кој профитира од увозот на струја?

Кој заработува додека народот плаќа?

Одговроност мора да има!

Работата не е завршена!“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ потоа во соопштението ги истакнува мерките кои ги презела владата кои, како што велат, прават разлика во енергетиката.

Меѓу мерките се споменати договорот за фотонапонската електрана „Битола 3“  и за ревитализација на хидроелектраните вреден 93 милиони евра, ветернот парк во Богданци вреден 37,6 милиони евра и инвестицијата на „Алказар енерџи” во Штип и околината во вредност од околу 500 милиони долари.

„Паралелно на ова, за граѓаните да не ги осетат потешкотиите и да го заштити нивниот стандард во периодот на консолидација на енергетскиот сектор, Владата одлучи да ги субвенционира сметките на струја на граѓаните.

Од друга страна, зголемувањето на цената на струјата во Македонија е најниско во Европа, а СДСМ тие што цело време лажеа и ширеа паника дека ќе има дупло поголемо зголемување. За тоа треба и јавно да се извинат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk