logo
logo
logo

ТРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ И ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА: на Голак се гасне и со чешкиот хеликоптер

Vecer | 31.07.2025

ТРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ И ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА: на Голак се гасне и со чешкиот хеликоптер

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата до 06:30 часот активни се три пожари и еден е под контрола. Изгаснати се 24 пожари од вкупно 28 регистрирани пожари.

Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово каде од вчера, покрај екипи од земјава, дејствуваа и чешкиот хеликоптер „Блек хок“ и словенечки пожарникари.

Според информациите на ЦУК, активни се и пожарите меѓу селата Галиште и Ќесендре во општина Кавадарци каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација и кракот од пожарот кон селото Градешница во општина Новаци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk