logo
logo
logo

Дали сме ние нормални?! НАД 70% ОД ДОКТОРИТЕ БИЛЕ ЖРТВИ НА ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО

Vecer | 12.03.2026

Дали сме ние нормални?! НАД 70% ОД ДОКТОРИТЕ БИЛЕ ЖРТВИ НА ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – над 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент.

Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

Д-р Калина Гривчева Старделова – Претседателка на Лекарска Комора

Додека зборев на телефон, ме удри ми излета се распарчи службениот телефон. Па јас одам на работа за да лекувам луѓе, не одам на работа да ме вреѓаат каква сум што сум, што правам како правам, лекувам луѓе. Го пријавив кај двајцата директори, во Министерството за здравство и во МВР. Проверив кога бевме на средба со јавното обвинителство, нас никој не не повика со години“...

Ваквите напади имаат и психолошки последици врз здравствените работници – велат од комората.

Д-р Карди Хаџихамза – Психијатар

Колеги дошле и морале да примаат терапија и на крај сепак сме продолжиле да ги лекуваме луѓето, но до кога и како ќе видиме“...

Од министерството за здравство велат дека свесни се дека здравствениот систем не е идеален и дека во многу случаи пациентите се фрустрираат од долгото чекање и хаосот низ болниците.

Министерот Алиу најавува подобрување на условите, но не само за лекарите туку и за пациентите.

Азир Алиу – Министер за здравство

Ќе го подобриме системот за закажување термин бидејќи оттука започнуваат првите фрустрации, но исто така треба да имаме секаде и дигитално информирање за да знаат колку треба да чекаат пациентите, во спротивно нормално се буди тој револт, затоа заедно треба да работиме за да може да ги следиме и на крај да стигнеме систем во кој што ќе биде заштитен и лекарот и медицинскиот персонал, но и пациентите“....

Со измените на Кривичниот закон во 2023 година, нападот врз медицинско лице се третира како напад врз службено лице.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи измината година се поднесени две кривични пријави за кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“ за кои се пријавени тројца сторители. Едно дело се случило во Скопје, за кое се пријавени двајца сторители и едно во Штип.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk