logo
logo
logo

НАМЕСТО ДА СЕ ИЗВИНИ ФИЛИПЧЕ ПРОДОЛЖУВА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА МИГРАНТИТЕ

Vecer | 11.03.2026

НАМЕСТО ДА СЕ ИЗВИНИ ФИЛИПЧЕ ПРОДОЛЖУВА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА МИГРАНТИТЕ

И покрај демантите и јасните факти, СДСМ и Филипче наместо да се извинат за невистините што ги пласираа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, продолжуваат со истата реторика и обвинувања, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Дури и по реакцијата и демантот од британскиот амбасадор во врска со наводите за мигрантски кампови во Македонија, СДС останува на истите позиции, повторувајќи ги истите тврдења како да очекува дека со нивното постојано повторување тие ќе станат вистина. Во меѓувреме, од СДС се обидуваат да ги убедат граѓаните дека никогаш не зборувале за мигрантски кампови, иако токму тие претходно тврдеа дека Македонија се претвора во голем мигрантски камп и црна точка на Европа. И за ова извинување нема – рече тој.

Петрушевски нагласи дека јавноста повторно е сведок на манипулации и политичка деструкција.

– Очигледно е дека ваквиот пристап не им носи резултати, поради тоа што СДС денес е третопласирана партија со околу 130.000 освоени гласови – додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk