logo
logo
logo

Ѓорѓиевски: ГО ВРАЌАМЕ СЈАЈОТ НА СКОПЈЕ! Го правиме тоа за нас, но и за сите гости

Vecer | 11.12.2025

Ѓорѓиевски: ГО ВРАЌАМЕ СЈАЈОТ НА СКОПЈЕ! Го правиме тоа за нас, но и за сите гости

Градот Скопје продолжува со интензивни активности насочени кон обновување на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент. Во фокусот е враќањето на достоинствениот изглед на централното градско подрачје, со посебен акцент на местата што со години беа занемарени и оставени без основно одржување. Со засилен ангажман и координација на сите градски служби, започнати се интервенции со кои се враќа функционалноста, безбедноста и убавината на просторот што секојдневно го користат илјадници граѓани и посетители.

„Го враќаме сјајот на Скопје!

Деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот.

Го средуваме она што со години беше запоставено, а требаше да се одржува секојдневно, затоа што Скопје го заслужува најдоброто.

На плоштадот „Македонија“ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на времето повторно ги враќаме во функција, а пристапните патеки конечно ќе престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните.

Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации.

Го правиме тоа за нас, но и за сите гости кои секојдневно доаѓаат да го запознаат нашиот главен град.“ – порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk