logo
logo
logo

КОМШИЈАТА ГРаДЕЛ ПА И ГИ ЗАТВОРИЛ ПРОЗОРИТЕ, но за инспецијата во Тетово - СЕ Е ВО РЕД

Vecer | 24.11.2025

КОМШИЈАТА ГРаДЕЛ ПА И ГИ ЗАТВОРИЛ ПРОЗОРИТЕ, но за инспецијата во Тетово - СЕ Е ВО РЕД

Жителката на Тетово, Живка Велјановска, веќе месеци живее во просторија каде дневната светлина практично не постои. Причината – новоизграден објект подигнат буквално до прозорците на нејзината куќа, со што целосно е блокирана природната светлина.

Велјановска за Телма вели дека институциите со години носат контрадикторни решенија. Иако општинската служба еднаш го одбила барањето за градба, подоцна донела спротивна одлука и издала дозвола. Новата градба сега е толку блиску што минималните законски растојанија меѓу објектите, според тврдењата на семејството, воопшто не се почитувани.

Во мојата соба нема ниту еден зрак природна светлина. Прозорците се целосно блокирани. Повикувавме инспекции, полиција, но никој не реагира. Ова е неправда и постојана борба со соседот“, вели Велјановска.

Случајот е на разгледување во Управниот и Вишиот управен суд, но веќе шест месеци семејството нема одговор.

Од Општина Тетово и Министерството за транспорт и врски велат дека документацијата е уредна и дека сите постапки се водат согласно Законот за општа управна постапка. Истрагата е сѐ уште во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk