logo
logo
logo

Ќе има 500 добро платени вработени

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА во Македонија на швајцарска фармацевтска компанија РОНТИС

Vecer | 11.05.2025

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА во Македонија на швајцарска фармацевтска компанија РОНТИС

Приоритет на оваа Влада е привлекување на нови странски инвестиции. Инвестиции и нови работни места, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Можам да кажам дека имаме веќе потврда од швајцарска фармацевтска компанија Ронтис која ќе инвестира во Македонија неколку десетици милиони евра, за повеќе од 500 вработени. Добро платени вработени. Тоа е само низа во оние убави вести за македонските граѓани кои ги соопштуваме изминатиов период, рече Мицкоски.

Швајцарската компанија за медицинска технологија „Ронтис“ веќе е присутна во Македонија со свој производствен погон во Велес веќе 15-тина години, како дел од трите производни погони (покрај Романија и Грција) со кои располага низ 83 различни земји во светот, во кои работи. Досега има над 300 вработени.

Своите производи ги дистрибуира на 4 континенти. 

Ова што го најави премиерот Христијан Мицкоски е нова инвестиција на „Ронтис“ во Македонија.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk