logo
logo
logo

Две прашања и едно молчење УСЛОВ ДА СЕ ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА СЕЈФ СИТИ

Vecer | 19.01.2026

Две прашања и едно молчење УСЛОВ ДА СЕ ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА СЕЈФ СИТИ

Дали власта ги има потребните гласови во Собранието да ги изгласа измените на Законот за прекршоци, кои го опфаќаат и системот „Сејф Сити“?!

Вицепремиерот Александар Николоски ја критикуваше опозицијата СДСМ и ДУИ за нивниот пристап, изразувајќи надеж дека ќе размислат и ќе ги поддржат законските решенија, особено оние за кои е потребно мнозинство од две третини, според ветувањата дадени на лидерската средба.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека законот ќе ја има нивната поддршка, но има две прашања кои ќе ги постават во Собранието.

По обвинувањата од опозицијата дека нема безбесност на податоците, како и за надзорот со камери, вчера премиерот Христјан Мицкоски рече дека во Владата разговарале за заштитата на податоците на граѓаните и дека тоа постепено ќе се уреди.

Дали ќе ја дадат поддршката за овие законски измени во Собранието, ТВ21 ја праша и ДУИ, но од таму нема одговор – само рекоа дека за ова прашање утре ќе излезат со став.

За усвојување на овие измени е потребно мнозинство од 2/3, односно 80 пратеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk