logo
logo
logo

АКО И РЕЧЕШ “НУСЕ“ МОРА ДА И СЕ ИЗВНИШ или ти следи казна од Комисијата за дискриминација,

Vecer | 27.02.2026

АКО И РЕЧЕШ “НУСЕ“ МОРА ДА И СЕ ИЗВНИШ или ти следи казна од Комисијата за дискриминација,

Жена од Република Албанија, мажена во Македонија каде оформила семејство, и се вработила како хигиеничарка во едно училиште, била пцуена, навредувана и малтретирана од нејзиниот претпоставен, кој патем ѝ се обраќал со „нусе“.

Таа случајот го пријавила во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која утврдила интерсекциско вознемирување во областа на работата и работните односи кон жената од Албанија, врз основа на етничка, национална припадност, род и лично својство од страна на нејзиниот шеф, пишува порталот sdk.

До Комисијата за дискриминација жената поднела и копии од нејзини изјави до управата на училиштето, во кои таа се жали од надредениот дека ја тера да чисти веќе исчистено место, не ѝ дава да ја користи просторијата за пауза, ја навредува со погрдни зборови.

Подносителката вели дека е родена и образована во Република Албанија и омажена во Македонија. Тука оформила семејство, родила деца и се вработила во училиштето. Во претставката наведува дека покрај тоа што нејзиниот претпоставен ја пцуе, тој често ѝ се обраќал и недолично, со зборовите: „нусе“, „лична“, „уба“.

Пред да биде поднесена претставката до Комисијата за дискриминација, директорката на училиштето ги презела сите потребни мерки да ја заштити, со тоа што прво формирала комисија за помирување на двајцата, а потоа на ова лице раководител на помошниот персонал во училиштето, му ги одзела ингеренциите и му ги доделила на секретарот.

КСЗД бара од него во рок од 30 дена да ѝ се извини на подносителката на претставката која ја вознемирувал и за тоа писмено да ја извести Комисијата. Во спротивно, ќе биде даден на суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk