logo
logo
logo

ПОДГОТВЕТЕ - Доаѓа топол бран од Африка

Vecer | 01.06.2025

ПОДГОТВЕТЕ - Доаѓа топол бран од Африка

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка.

Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има. Според прогнозата на Метеопро преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а  тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.

Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk