Агенција за oстварување на правата на заедниците во соработка со Советот на Европа и Европската Унија организираше Партиципативен форум на тема „Улогата на помалубројните заедници во зајакнувањето на општествената кохезија". Целта на Форумот како неформален и консултативен механизам е зајакнувањето на соработката, комуникацијата и довербата на заедниците со органите на државната управа. Исто така, овој Форум е вистинска можност за помалубројните заедници за отворање на дискусии и дебати каде што можат да ги актуализираат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат.
На настанот се обратија државниот секретар во Министерството за односи меѓу заедниците Владимир Стојановиќ, раководителот на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје Олег Солдатов, националниот координатор за интеркултурализам, развој на културата и меѓуресорска соработка Абаз Селмани, како и националниот координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики на немнозинските заедници Јаше Сефер.

На овој важен настан за АОПЗ и за заедниците присуствуваа сите негови членови и претставници на невладините организации од заедниците, а, исто така, за првпат имаше и гости и тоа од канцеларијата на делегација на Европската Унија во Скопје, претставници од амбасадите на Србија, Шведска и Туркије. Дел од овој форум беше и претседателот на комисијата за спречување и заштита од дискриминација Лимко Бејзаровски, како и директорот на Управата за култура при Министерството за односи меѓу заедниците Исмаил Демировиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата