logo
logo
logo

БЕЗ ПРИТИСОК ОД ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА, Бугарија нема да го смени својот однос кон Македонија (ВИДЕО)

Vecer | 20.04.2026

БЕЗ ПРИТИСОК ОД ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА, Бугарија нема да го смени својот однос кон Македонија (ВИДЕО)

Не е добра вест влада на Румен Радев за контекстот за барање на решение за да излеземе надвор од овој dead lock во кој сме четири-пет години, рече Илија Димовски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Румен Радев со ништо не допринесе иако, да речеме, имаа некоја поинтензивна комуникација со претседателката Силјановска, претходно и со претседателот Пендаровски. Немаше никаков знак, никаква изјава, никаков сигнал дека Радев е подготвен да излезе надвор од контекстот на класичен бугарски политичар во односите со Македонија. Но, во таков контекст, за жал, гледавме и многу други политички играчи. За разлика од македонската сцена, во Бугарија има некаков преќутен или пак договорен консензус во однос на македонското прашање“, вели Димовски.

Според него, изјавите се разликуваат во нијанси во зависност кој ги кажува.

„Тука има неколку опции. Првата, можеби и најважна, е дали некој во ЕУ, мислејќи на клучните држави, Франција, Германија, ќе се заинтересираат да се реши ова прашање. Доколку нема таков притисок од Европската Унија кон Бугарија, нема да има решение. Бугарија е комотна, има право на вето внатре во Европската Унија. Тоа вето никогаш нема да го откаже. Без притисок од Германија и Франција, Бугарија нема го промени својот однос кон Македонија, посебно во премиер во ликот на Румен Радев“, смета Димовски.

Извор: Телма

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk