logo
logo
logo

УТРЕ ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ КАМЕРИТЕ ОД „СЕЈФ СИТИ“ ВО КУМАНОВО И ВО ТЕТОВО

Vecer | 24.01.2026

УТРЕ ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ КАМЕРИТЕ ОД „СЕЈФ СИТИ“ ВО КУМАНОВО И ВО ТЕТОВО

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.

Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути.

За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.

– Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности – велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk