logo
logo
logo

Николоски: Ние не ветивме туку се зафативме за работа, Љуботен и Љубанци ќе имаат чиста вода за пиење

Vecer | 12.10.2025

Николоски: Ние не ветивме туку се зафативме за работа, Љуботен и Љубанци ќе имаат чиста вода за пиење

Три децении на жителите на селата Љуботен и Љубанци им беше ветувано дека ќе се изгради водовод за да добијат чиста вода за пиење. Три децении лаги од ДУИ и СДСМ, напиша на Фејсбук министерот за транспорт, Александар Николоски.

- Ние не ветивме, туку се зафативме за работа и реализираме. Денес започнавме со изградба на водовод кој треба да ги поврзе селата Љуботен и Љубанци со градскиот водовод.Проектот е координиран од премиерот Христијан Мицкоски, финансиран и се работи преку преку министерството за транспорт на барање на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Градиме во сите населени места без никакви поделби. Како влада решаваме децениски проблеми. Продолжуваме посветено во сите општини, истакнува Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk