logo
logo
logo

Шилегов: КОЈ ГО “САМОУБИВА“ СДСМ и зошто Филипче е се уште шеф кога освен Заев никој не го поддржува

Vecer | 21.01.2026

Шилегов: КОЈ ГО “САМОУБИВА“ СДСМ и зошто Филипче е се уште шеф кога освен Заев никој не го поддржува

Не е тајна дека Петре Шилегов има амбиција да биде претседател на СДСМ и се труди, барем во Скопје, да добие поддршка за тој негов план. Според партиските реакции на најголемото, скопско, крило на СДСМ постои големо незадоволство од Филипче а, преку него, особено од Зоран Заев.

Шилегов изнесе некои од деталите преку кои кои Филипче се обвинува за “грабната партија“ која тој ја води за заштита на Зоран Заев од правни последици и според модел кој покажува почетничка политичка неписменост за Венко Филипче. Според Шилегов тоа е главната причина зошто “СДСМ во Скопје падна на пето место според рејтингот на партиите“.

Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата смета дека актуелното раководство на СДСМ му прави политичко самоубиство со умисла.

Мислам дека актуелното раководство врши самоубиство на Социјалдемократскиот сојуз. Ако сте раководител на СДСМ и го убивате СДСМ, тоа е самоубиство на Социјалдемократскиот сојуз“, рече Петре Шилегов во своето гостување на телевизија Телма.

Шилегов ова го посочи во однос на неговите пишувања на социјалните мрежи дека македонското законодавство познава убиство од небрежност, познава и убиство со умисла, но не познава самоубиство со умисла.

Оваа моја изјава во таа форма беше дадена после неколку средби со актуелниот претседател на Социјалдемократскиот сојуз, господинот Филипче на кои што јас, овие ставови коишто сега ги презентирам пред вас и пред јавноста, со него ги разговарав на два пати во средби што траат повеќе од три часа во кои што се, да кажам, убедувавме и разговаравме со аргументи за потребата од промени на политиката и промени во раководството“, рече Шилегов.

Патем, Шилегов го обвини Филипче дека одлуките ги донесува сам, без оглед на интересите на партијата и ставовите на раководството. 

Како пример Шилегов наведе дека Филипче сам решил да не се даде поддршка на проектот “безбеден град“ и тврдоглаво го турка иако во партијата воопшто за такво нешто не се одлучувало.

Се уште не е јасно зошто Филипче се плаши од проектот “безбеден град?

Шилегов со барање до Филипче и СДСМ: Време е за лично заминување, не може сите да се криви за дебаклот, само претседателот и највисокото раководство да не се

Во гостувањето на Телма телевизија, Шилегов истакна дека согласно статусот на партија претседателот е тој кој го има конечниот збор или изборот на кандидатите за градоначалници, па да барате одговорност од сите, односно, сите да се криви за дебаклот на локалните избори, а само претседателот и највисокото раководство да не се.

На прашањето, што баравте од Филипче, каков вид на промени, места во претседателството, Шилегов јасно одговара:

Не, не. Лично заминување зошто согласно статутот претседателот на партијата е тој којшто го дава конечниот збор или изборот на кандидатите за градоначалници. Не можете вие да барате одговорност од сите околу себе што патем кажано и ја немаше се изврши некое шминкање на Извршниот одбор, не можете да барате одговорност од сите околу себе, а вие сте тој што сте ги номинирале луѓето што го доживеале тој изборен дебакл и сте ги креирале политиките коишто јавноста не ги препознава. И сега граѓаните се криви, кандидатите за градоначалници се криви, не знам кој се е крив ама највисокото раководство тие неколку луѓе не се никако криви. Тоа за мене е неприфатлив стандард во политиката“, рече, меѓу другото, Шилегов.

Петре Шилегов, изјави дека исходот од претстојниот конгрес ќе биде клучен за партијата, оценувајќи дека неговиот евентуален успех би значел верификација на, како што рече, погрешни политики на луѓето кои се наоѓаат во раководството на СДСМ.

Тој посочи дека ова е трет конгрес по ред поврзан со сериозни проблеми, при што еден бил неуспешен, а еден воопшто не бил одржан, додавајќи дека не е сигурен како ќе заврши и овој.

Шилегов потсети дека СДСМ немала отчетен конгрес по поразот на локалните избори во 2021 година, иако според статутот таков конгрес требало да се одржи по тие избори. Како што наведе, конгрес не бил одржан ниту по парламентарните избори, а сега се пристапува кон одржување на конгрес без исполнување на потребните процедури.

Според неговите информации, до делегатите на конгресот и до општинските организации не биле доставени конгресни материјали, предлог-заклучоци и предлог политички одлуки кои треба да се разгледуваат и усвојуваат.

Според статутот, општинските организации треба да ги разгледаат тие материјали, да донесат свое мислење и да ги задолжат делегатите да заземат став – изјави Шилегов.

Тој нагласи дека без одржан Централен одбор во функција на подготовка на конгресот и без доставена документација до општинските организации и делегатите, не може да стане збор за суштинска дебата на конгресот.

Очигледно е дека одлуките се донесени во тесен круг на луѓе, а тоа што ќе се случи во сабота е резултат на таа одлука – рече Шилегов.

Тој додаде дека СДСМ во минатото секогаш навремено ги подготвувала своите конгреси и дека документацијата била доставувана на време, додека овој пат, како што рече, требало да се разговара за изборниот пораз од минатата година.

Шилегов истакна и дека од страна на Централниот изборен штаб не бил доставен извештај за локалните избори до Централниот одбор и до конгресот.

Како ќе се разговара за причините и мерките ако не е доставен извештај за причините за изборниот пораз? – праша тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk