logo
logo
logo

„Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и НИКОГАШ НЕ СТАНА АМБАСАДОР“

Vecer | 05.07.2025

„Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и НИКОГАШ НЕ СТАНА АМБАСАДОР“

Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата не може да зборува за надворешна политика, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Андреј Жерновски, човекот кој не избламира пред земја членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор не може да зборува за дипломатија.

Жерновски кој седеше со месеци во Букурешт без да предаде акредитивни писма, слуга на Заев не може да кажува како треба да се работи.

Жерновски е уште еден потрчко на патлиџан дипломатијата на Заев, кои ја сфаќаа дипломатијата како ,, Бојко љубави, имаш поздрави од Зоки”.

Жерновски глуми дипломат, а всушност се работи за човек кој е следбеник на дипломатијата,  ,, еден народ, две држави”.

СДС пред да зборува за дипломатија, треба да се извини за Заев, и за сите уназадувања кои ги причини тој, на национален план.

СДС ги урна Македонските позиции, нешто кое наиде на фрапираност и кај најголемите шовинистички кругови во Бугарија.

СДС е директно виновен за се негативно на дипломатски план.

А Владата на ВМРО-ДПМНЕ, веќе една година поправа грешки од СДС и ниже успеси, истакна владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk