logo
logo
logo

Заменикот на Данела се кандидира за градоначалник на Скопје – Трајановски е кандидат на ЛДП, ГРОМ, ПЦЕР и Интегра

Vecer | 12.09.2025

Заменикот на Данела се кандидира за градоначалник на Скопје – Трајановски е кандидат на ЛДП, ГРОМ, ПЦЕР и Интегра

Александар Трајановски официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, со поддршка од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.

Трајановски, кој веќе осум години е активен во Советот на Град Скопје, вели дека зад себе има бројни иницијативи и предлози, како и искуство стекнато преку соработка со повеќе од 30 европски градови и учество на обуки за развој на локалната самоуправа.

„Денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија“, напиша Трајановски во објава на социјалните мрежи.

Како носител на советничката листа ќе биде поранешниот градоначалник Ристо Пенов, за кој Трајановски нагласи дека е „човек кој веќе оставил длабок белег на овој град“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk