logo
logo
logo

Ќе се проверува ДАЛИ САШКО КЕДЕВ ГИ НАПАДНАЛ КАРДИОЛОЗИТЕ СО ПРИЧИНА ИЛИ ЗАРАДИ СУЕТА И КОНКУРЕНЦИЈА

Vecer | 26.08.2025

Ќе се проверува ДАЛИ САШКО КЕДЕВ ГИ НАПАДНАЛ КАРДИОЛОЗИТЕ СО ПРИЧИНА ИЛИ ЗАРАДИ СУЕТА И КОНКУРЕНЦИЈА

Кардиологот Сашко Кедев изјави дека во македонскиоте клиники кардиохирурзи оперитрале и таму каде што немашпотреба за на приватните клиники да се добие профит. Тоа сериозно обвинениее од Кедев министерството за здравство го прими со целосно внимание и реши да ја провери состојбата, Да се види дали во изјавата има факти или се работи за суета на доктор Кедев кон неговите колеги и резултатите кои ги постигнуваат кои се над просекот во регионот, или потреба од сензационализам од докторот кој последниве години е повеќе познат по алпимнизам и искачување на планински врвови низ светот отколку по кардиолошка работа.

Притоа, би било добро, контролата да утврди и квалитет и состојба на стентови вградувани во јавното здравство, пред се во Скопје, и гласините за употреба на спорни стентови од Индија не само последниве неколку години туку у на подолг период претходно, и како тие стасале во Македонија. 

Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот од 2022 до 2025 година во приватните и јавните здравствени установи.

Очекувам комисијата да испорача резултати, кои се објективни и произлегуваат од максимално професионално и независно спроведен процес. Резултатите од работата ќе бидат важни од аспект на реално утврдување на состојбите и поставување цврста основа за унапредување на менаџирањето во здравството“, порача пред членовите на комисијата министерот Азир Алиу.

Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничка болница Битола, д-р Валон Асани од Клиничка болница Тетово, д-р Никола Христов од Клиника „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ (д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска), Стефанка Петковска, правник и претставници од Министерство за здравство (д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама).

Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk