logo
logo
logo

Туфегџиќ за корупција во судството: ТОА Е МРЕЖА КОЈА ДЕЛУВА СПОРЕД ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕСИ

Vecer | 23.01.2026

Туфегџиќ за корупција во судството: ТОА Е МРЕЖА КОЈА ДЕЛУВА СПОРЕД ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕСИ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ во емисијата „Трилинг“ оцени дека случајот со судијата Ѓоко Ристов повторно ја актуелизира потребата од ветинг во судството, но предупреди дека без јасна стратегија таков процес нема да даде резултати.

Владимир Туфегџиќ остро говореше за состојбите во македонското судство, оценувајќи дека клучниот проблем не е системскиот недостаток на плати, туку постоењето на мала, но влијателна група луѓе со изразен криминален менталитет.

Во судството има луѓе со криминоген ДНК – и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат!

Туфегџиќ најпрво ја поздрави работата на Јавното обвинителство во борбата против корупцијата и повика на поширока општествена одговорност, особено кај оние кои работат во правосудниот систем како судии, јавни обвинители и адвокати.

Тој за Трилинг нагласи дека без поддршка за обвинителството не може да има суштински напредок во расчистувањето на коруптивните појави.

Според него, клучно е најпрво да се идентификува вистинскиот проблем во системот – мала група луѓе кои навидум се принципиелни, а во пракса функционираат поинаку. Туфегџиќ нагласи дека тие не делуваат изолирано, туку како мрежа со заеднички интереси, создавајќи лажна слика за интегритет и поткопувајќи ја довербата во судството.

Тој порача дека ветингот мора да биде дел од поширока и прецизно осмислена стратегија, бидејќи во спротивно ќе остане формален процес без суштински ефект.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk