logo
logo
logo

AХМЕТИ НЕ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ „Се нудеше да влезе во Влада во 2024 година, го одбивме“

Vecer | 23.01.2026

AХМЕТИ НЕ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ „Се нудеше да влезе во Влада во 2024 година, го одбивме“

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ го прозва лидерот на ДУИ за неговите изјави дека наводно договарал предвремени избори.

Стојаноска вели дека вистина е дека Али Ахмети се пазарел за влез во новоформираната влада во 2024 година, но дека ВМРО-ДПМНЕ принципиелно ја одбила понудата.

„Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува вистината за средбата во мојата канцеларија, каде нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од тоа што го бараше Влен, само да биде дел од истата оваа влада. Но, ние останавме истрајни во она што беше порака од народот – дека ДУИ мора да оди во опозиција. Друг пат, пред да кажува невистини, нека размисли добро и нека биде подготвен дека ние ќе кажуваме вистини“, објави Стојаноска на својот Фејсбук профил.

Пратеничката ја завршува објавата прашувајќи дали изјавите на Ахмети служат за да се спречи, како што вели, ерозијата во членството на ДУИ и ерозијата кај досегашните поддржувачи на ДУИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk