logo
logo
logo

Конечно, ОД ПОНЕДЕЛНИК ВЕНЧАВАЊЕ ВО ПОРТА МАКЕДОНИЈА, бараките ќе ги заборавиме

Vecer | 29.05.2025

Конечно, ОД ПОНЕДЕЛНИК ВЕНЧАВАЊЕ ВО ПОРТА МАКЕДОНИЈА, бараките ќе ги заборавиме

Управата за водење на матичните книги ја информира јавноста дека е постигнат меѓуинституционален договор со НУ – Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје, за користење на свечената сала во објектот Порта Македонија, со цел организирање на церемонии на венчавање и вршење на соодветните услуги за запишување на брак во матичните книги.

Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки.

Соработката стапува во сила од 1 јуни 2025 година и ќе трае до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните.

Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје.

Управата за водење на матичните книги останува посветена на својата мисија за приближување на јавните услуги до граѓаните, со човечки пристап и реална примена во секојдневниот живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk