logo
logo
logo

Потпишани договорите за техничка и финансиска поддршка на комуналните претпријатија во Македонија

Vecer | 31.07.2025

Потпишани договорите за техничка и финансиска поддршка на комуналните претпријатија во Македонија

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска присуствуваше на церемонијата на потпишување на договори за техничка и финансиска поддршка во рамки на проектот: “Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија”.

Проектните активности се реализираат во соработка со Владата на РСМ, застапувана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарската Конфедерација, застапувана од Државниот секретеријат за економски прашања (SECO).

Целта на проектот е да се подобрат техничките, организациските и финансиските капацитети на јавните комунални претпријатија, преку фокусирани интервенции за намалување на загубите на вода, зголемена енергетска ефикасност, користење на обновливи извори на енергија и воведување на современи системи за управување и наплата.

На настанот присуствуваа претставници од Амбасадата на Швајцарија во РСМ, претставници од Владата на РСМ, градоначалници и директори на јавните претпријатија од општините потписнички на договорите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk