logo
logo
logo

НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ ДО ЈУНИ, укинувањето на техничката влада останува отворено

Vecer | 14.01.2026

НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ ДО ЈУНИ,  укинувањето на техничката влада останува отворено

Договорено е начелно до крајот на пролетта, некаде во јуни, да се донесе нов Изборен законик, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев по лидерската средба, која ја оцени како навистина конструктивна.

– Се дискутираше за модалитети за една изборна единица, со или без изборен цензус, со отворени или затворени листи. Комуникацијата ќе продолжи на ниво на координатори на пратенички групи во Собранието, со некој од министрите во Владата – рече Апасиев.

Во врска со прашањето за народниот правобранител Левица предлага, како што рече Апасиев, Соломонско решение, а тоа е припадник на ромската заедница да биде избран за Омбдусман, бидејќи смета дека тоа е најдискриминираната заедница која нема никакви полуги на власта, ниту министри ниту пратеници, освен некој градоначалник.

– За Пржинската влада се разговараше начелно за нејзино укинување во две варијанти или веднаш или не за наредните, туку за понаредните парламентарни избори, зависно од опозицискиот СДСМ. Тоа ќе остане отворено политичко прашање – рече Апасиев.

Левица на средбата го отворила прашањето за обесштетување на жртвите во Кочани за кое Апасиев рече деке не се наишло на слух. На новинарско прашање тој објасни дека образложението што го добиле било дека тоа било приватен а не јавен објект како што е Модуларната болница и дека веќе имало доволно проекти за самиот град.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk