Системот „Мој термин“ е една од точките каде што граѓаните најмногу чувствуваат потреба за брза, достапна, фер и транспарентна услуга, нагласи министерот за здравство, Азир Алиу.
Според него, наскоро ќе создадат национален центар кој ќе се фокусира на информации и процеси во рамките на системот „Мој преглед“, за пациентите да можат што побрзо и полесно да стигнат до закажаниот преглед кај специјалист.
„Исто така, отворивме процеси за создавање национален „Центар за податоци“, центар во кој ќе имаме сè фокусирано, и информации и процеси во рамките на овој систем во однос на чекањето на пациентите. Тука имаме два проблема, првиот проблем е недостатокот на лекари како што нагласивме претходно, така што ова е процес што нема да се реши за еден ден, ќе биде потребно време за да се создадат соодветни профили, а другата форма е недостатокот на други алтернативни форми, покрај медицината со стари методологии, поради оваа причина го воведуваме терминот медицина како нов концепт што ќе им овозможи дури и на лекарите кои не живеат во Македонија да даваат здравствени услуги во земјата, со што ќе бидат поврзани со здравствените установи во земјата каде што доаѓаат, но од друга страна ќе го намалиме и аспектот на чекање на пациентите за читање на резултатите.“ – изјави министерот за здравство, Азир Алиу.
Министерот за здравство, Азир Алиу, нагласи дека граѓаните наскоро ќе ја почувствуваат оваа промена, не само на екранот, туку и во секојдневниот живот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата