logo
logo
logo

„Безбеден град“ има силна поддршка од граѓаните, камерата во Сарај не е украдена

Vecer | 05.01.2026

„Безбеден град“ има силна поддршка од граѓаните, камерата во Сарај не е украдена

Камерата од проектот „Безбеден град“ поставена во општина Сарај не е украдена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Точковски, демантирајќи информации што се појавија на социјалните мрежи.

-Не, не е украдена. За жал, има многу портали, Фејсбук и Инстаграм страници кои со лажни факти се обидуваат да привлечат внимание од различни интереси – политички, бизнис или други, рече Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Азир Алиу.

Тој нагласи дека проектот „Безбеден град“ има силна поддршка од граѓаните и дека МВР ќе продолжи со неговата имплементација како дел од европските стандарди за безбедност.

-Во тест периодот видовме дека и само со опомени, без казни, граѓаните придонесуваат за спасување човечки животи. Во 2024 година на територија на СВР Скопје имавме пет жртви во сообраќајни несреќи, а во декември 2025 година немавме ниту едно починато лице. Тоа е заслуга на граѓаните кои решија да го забават управувањето со возилата, истакна министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk