logo
logo
logo

1.832.415 ГРАЃАНИ ЌЕ ГЛАСААТ НА 3.474 ИЗБИРАЧКИ МЕСТА

Vecer | 19.10.2025

1.832.415 ГРАЃАНИ ЌЕ ГЛАСААТ НА 3.474  ИЗБИРАЧКИ МЕСТА

Во 7 часот утрово почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на Македонија. Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени.

Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети, со вкупно 10.490 кандидати.

Вчера, ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болните и немоќните лица и лицата во старските домови.

ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезноста ќе ги објави на прес-конференција во 9.30 часот.

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа по завршувањето на гласањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk