logo
logo
logo

НАД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ИСЧЕЗНАЛЕ ОД ФФМ во времето кога Илчо Ѓорѓиоски бил претседател!

Vecer | 18.06.2026

НАД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ИСЧЕЗНАЛЕ ОД ФФМ во времето кога Илчо Ѓорѓиоски бил претседател!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во официјална реакција на апсењето на Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на оваа организација, соопшти дека веќе предала официјална документација до надлежните органи за прекршоци од 2015 до 2019 година.

„Во врска со предметот, кој Фудбалската федерација на Македонија го пријави до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во 2019 година, информираме дека по поднесената пријава беше спроведена истрага од страна на Управата за финансиска полиција, по што во 2020 година беше поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Според документацијата доставена до надлежните институции, вкупната штета нанесена на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од јануари 2015 година до крајот на 2019 година изнесува повеќе од 2,5 милиони евра.

Во изминатиот период ФФМ немаше повратни информации за текот на постапката и евентуалното постапување по предметот. На крајот на 2025 година од Федерацијата беше побарана дополнителна документација, која во целост беше доставена до надлежното обвинителство на почетокот на 2026 година. Истовремено, со официјален допис повторно беше укажано на висината на утврдената штета и беа доставени дополнителни релевантни информации.

Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи целосно да соработува со сите надлежни државни институции во постапките поврзани со евентуални незаконитости и заштита на интересите на Федерацијата“, се вели во соопштението на ФФМ.

Ѓорѓиоски беше на чело на ФФМ во периодот од 2012 до 2018 година. Претходно, приведен беше и наследникот на Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk