logo
logo
logo

Резолуцијата на Филипче ја нема, СПАСОВСКИ ОСТАНУВА КООРДИНАТОР ВО СОБРАНИЕТО

Vecer | 29.11.2025

Резолуцијата на Филипче ја нема, СПАСОВСКИ ОСТАНУВА КООРДИНАТОР ВО СОБРАНИЕТО

Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието, рече денеска на прес-конференција претседателот на партијата Венко Филипче.

Тој одговори на новинарско прашање во врска со неодамнешната изјава на Спасовски дека понудил оставка од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ.

– Да, тоа се случи меѓу двата изборни круга, но причина за тоа беше едно недоразбирање од техничка природа, кое што го расчистивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање, поради тоа што тоа доведе до една таква непријатна ситуација, која што не беше ниту намерна, ниту тенденциозна. Но, како и да е, поразговаравме и по расчистувањето на тоа недоразбирање, сепак Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група на СДСМ – истакна Филипче.

Поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски, неодамна не зборуваше за „недоразбирања oд техничка природа“, како што презентира Филипче, туку рече дека понудил оставка во моментот кога требало да се поднесе резолуцијата до Собранието за „црвените линии“ со Бугарија.

Спасовски додаде дека е точно дека барал да биде сменет од функцијата координатор поради овој предлог на партијата, затоа што бил против таков чекор.

Во документот на СДСМ се предагаше Собранието да ја заврши постапката за измена на Уставот со финално гласање најдоцна до 10 февруари 2026 година.

Оваа резолуција до денес не е доставена до Собранието за разгледување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk