logo
logo
logo

Македонија и ОАЕ ја продлабочуваат политичката и економската соработка

Vecer | 06.02.2026

Македонија и ОАЕ ја продлабочуваат политичката и економската соработка

Заокруживме уште една значајна посета што отвора нови можности за продлабочување на политичката, економската и трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните, напиша на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Во видео изјава, Муцунски истакнува дека е потпишан Меморандум за разбирање, како и дека заедно со претседателката на државата Гордана Сиљанвска Давкова, оствариле повеќе средби.

-Денеска заокруживме уште една важна и успешна посета. Остваривме важна средба со претседателот и владател на ОАЕ шеикот Махемед, а со вицепремиерот и министер за надворешни работи, шеикот Абдула потпишавме Меморандум за разбирање, за развој, модернизација и дигитализација на владата и државната администрација. Заедно со претседателката Гордана Сиљанвска Давкова се сретнавме и со пртседателите на Естонија и Швајцарија, со претставници на меѓународни организации, како и со македонската дијспора во ОАЕ. Оваа посета потврди дека постои потенцијал за засилување на соработката меѓу двете земји во повеќе области. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните, наведува Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk