logo
logo
logo

„ПЛАТИ ЗА ДА ТИ ГО ВРАТИМЕ ЗЛАТОТО“ - Скопјанец наседнал на измама тешка 28.700 евра

Vecer | 16.07.2026

„ПЛАТИ ЗА ДА ТИ ГО ВРАТИМЕ ЗЛАТОТО“ - Скопјанец наседнал на измама тешка 28.700 евра

Машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра од страна на лажен службеник во државна институција.

Како што беше соопштено денеска, синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, машко лице од Скопско пријавило дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од друго машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра.

- Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое му се претставило како службеник во државна институција и му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне на пријавителот да го врати претходно запленетиот златен накит, но, за тоа морал да плати. Пријавителот му ги дал парите, но, подоцна сфатил дека бил измамен - информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk