logo
logo
logo

Алиу: Нашата заедничка цел е да изградиме МОДЕРЕН, ОДРЖЛИВ И ЕВРОПСКИ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Vecer | 10.12.2025

Алиу: Нашата заедничка цел е да изградиме МОДЕРЕН, ОДРЖЛИВ И ЕВРОПСКИ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Презентиран напредокот на националниот систем за трансплантација и реализација на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги презентираше реформските процеси на состанокот на секторската работна група за здравство, што се одржа во Владата.

Здравството претставува темел на стабилно, просперитетно и демократско општество. Нашата заедничка цел е да изградиме модерен, одржлив и европски здравствен систем – систем кој ќе биде ефикасен во превенцијата, навремен во дијагностиката, квалитетен во лекувањето и подеднакво достапен за сите граѓани. Продолжува тековната имплементација на ИПА II и ИПА III проектите, напредокот на националниот систем за трансплантација, како и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор, рече во обраќањето министерот Алиу.

Тој посочи дека Министерството финализираше и усвои повеќе стратешки документи со долгорочно значење за јавното здравје, меѓу кои Стратегијата за ретки болести, како прв системски документ кој поставува јасни цели за дијагностика, третман и поддршка на пациентите и нивните семејства, Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје, која го зајакнува пристапот до квалитетни, инклузивни и правично достапни услуги за сите категории население и Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030, кој претставува современ, превентивен и интерсекторски документ подготвен во согласност со европските стандарди и препораките на ЕК и СЗО

На состанокот учествуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и Светска Банка, чија поддршка е од исклучително значење за унапредување на здравствениот систем и за негово усогласување со стандардите на Унијата.

–Ова е јасен доказ за заедничката определба за системско унапредување на здравствениот сектор и за поддршка на реформските процеси што нашата држава ги спроведува на патот кон Европската Унија, истакна Алиу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk