logo
logo
logo

ССМ бараше 6.000, ДОБИ НАД 10.000 ДЕНАРИ – и одби, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 30.01.2026

ССМ бараше 6.000, ДОБИ НАД 10.000 ДЕНАРИ – и одби, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска обвини дека протестите на ССМ се политички мотивирани и дека раководството на синдикатот делува по насока на СДС.

Според Манасиевски, ССМ барала зголемување на платите од 6.000 денари, но одбила понуда со која, како што рече, платите би се зголемиле за повеќе од 10.000 денари во период од две години.

„Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат. Тоа покажува дека ССМ не работи во интерес на работниците, туку по насока на СДС“, изјави Манасиевски.

Тој оцени дека протестите на ССМ, поддржани од Левица, не добиле поддршка од работниците, кои, како што рече, веќе сфатиле дека се манипулирани од синдикалното раководство.

Манасиевски ги спомена Слободан Трендафилов, Иван Пешевски и Трпе Деаноски, обвинувајќи ги дека земаат плати повисоки од 80.000 денари, како и дополнителни надоместоци во износ од над еден милион денари годишно, средства кои, според него, потекнуваат од членарините на работниците.

Тој истакна дека раководството на ССМ одбива да го прифати новиот колективен договор предложен од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со кој минималната плата на административните службеници би достигнала 600 евра за две години.

„Владата предлага зголемување на платите за 40 проценти, односно повеќе од 10.000 денари до 2028 година. Тоа зголемување е во согласност со Законот за минимална плата и дополнителни 8 проценти на веќе зголемената сума. Сепак, ССМ го одбива овој предлог“, рече Манасиевски.

Тој заклучи дека ССМ бара минимална плата од 600 евра и повисоки плати за 100 евра, но, како што нагласи, и кога тоа го добива – го одбива, поради, како што рече, политичка зависност од СДС.

Манасиевски ги повика раководството на ССМ и синдикалните лидери да, како што изјави, „се ослободат од политичките притисоци“ и да го прифатат предлогот на Владата за минимална плата од 600 евра за административните службеници до 2028 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk