logo
logo
logo

Велешани барани со потерница завршија во Идризово за издржување на казните

Vecer | 17.10.2025

Велешани барани со потерница завршија во Идризово за издржување на казните

На 16.10.2025 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа М.Т.(44) од Велес, кој бил баран по потерница брз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

На 16.10.2025 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Н.Д.(33) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Исто така, во Велес во 16:15 часот приведен е Ш.Р.(39) од Велес, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицата се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk