logo
logo
logo

ВРЕДИ ЈА ОТФРЛА ПОДДРШКАТА НА КАСАМИ ЗА ДУИ ВО КИЧЕВО Кичевци сами треба да ја донесат одлуката

Vecer | 24.10.2025

ВРЕДИ ЈА ОТФРЛА ПОДДРШКАТА НА КАСАМИ ЗА ДУИ ВО КИЧЕВО Кичевци сами треба да ја донесат одлуката

Коалицијата „Влен“ се изјасни против ДУИ во Кичево. „Влен“ се произнесе по прашањето кого ќе поддржат во вториот круг во Кичево. Тие ги демантираа шпекулациите по медиумите и изјавата на тетовскиот градоначалник Билал Касами, кој побара нивното членство да гласа за кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, во Кичево. Од коалицијата порачаа дека нема да дадат поддршка на кандидат кој, како што велат, има „голема дамка“ алудирајќи на неговиот тековен секс скандал.

„Како коалиција побаравме Дехари да се повлече од изборната трка. Тој не го направи тоа, па секоја јавна поддршка е невозможна. Кичевци сами треба да ја донесат одлуката“, стои во нивното соопштение.

Тие додаваат дека никој нема „гласови во џеб“ и оти одговорноста е на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој не го повлекол кандидатот. „Јавниот морал не се преговара“, потенцираат од „Влен“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk