logo
logo
logo

Полициско возило се запали во центарот на Скопје: Двајца припадници на Министерството за внатрешни работи завршија на Клиниката за токсикологија

Vecer | 10.07.2025

Полициско возило се запали во центарот на Скопје: Двајца припадници на Министерството за внатрешни работи завршија на Клиниката за токсикологија

Од МВР најавија дека ќе се спроведе целосна истрага за да се утврдат причините за запалувањето на возилото и дали станува збор за технички дефект или некоја друга околност.

Во центарот на Скопје вчера околу пладне изби пожар во полициско возило додека било во движење, а двајца припадници на Министерството за внатрешни работи завршија на Клиниката за токсикологија поради вдишување на чад.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 9 јули 2025 година околу 12 часот, на подрачјето на Општина Центар. Возилото, сопственост на Министерството за внатрешни работи, се запалило додека полициски службеници извршувале службени дејствија.

„Двајцата полициски службеници веднаш побараа лекарска помош во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, на Клиниката за токсикологија, каде беа примени поради вдишан чад. Среќна околност е што не се здобија со потешки повреди“, велат од полицијата.

Пожарот бил брзо забележан и изгаснат од други полициски службеници кои се затекнале на местото на настанот, со што е спречено негово проширување и предизвикување на поголема материјална штета или опасност за минувачите.

Од МВР најавија дека ќе се спроведе целосна истрага за да се утврдат причините за запалувањето на возилото и дали станува збор за технички дефект или некоја друга околност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk