logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ со реакција

„Ленче беше дел од криминалната мрежа на СЈО и сега наместо да се извини глуми жртва“

Vecer | 22.01.2026

„Ленче беше дел од криминалната мрежа на СЈО и сега наместо да се извини глуми жртва“

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица Јанева.

Таа се дискредитираше себе си што беше дел од обвинителството формирано за политички прогон и изнуда кое беше маша во рацете на СДС и Зоран Заев.

Што повеќе да се каже од ова.

Интересно е како Ленче Ристоска сама се пронаоѓа во изјавите.

Затоа Ристоска наместо да се извини, прави дефокус и глуми жртва. Таа не е никаква жртва, туку рицидив на системот кој голташе жртви и правеше прогон, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk