logo
logo
logo

Центарот за управување со кризи информира дека по невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета: Бројот за итни случаи 112

Vecer | 06.06.2025

Центарот за управување со кризи информира дека по невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета: Бројот за итни случаи 112

По денешната бура што ја зафати територијата на земјата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека веднаш ги активирал своите механизми за следење и координација.

Директорот на ЦУК, Мухамет Али, ја следеше состојбата во текот на целиот ден и беше во континуирана комуникација со сите надлежни институции со цел навремено и ефикасно справување со последиците од невремето, соопшти ЦУК.

Според ЦУК, на неколку локации е регистрирана материјална штета – поплавени улици, паднати дрвја и сообраќајни бариери. Не се пријавени повредени лица.

Информирани се и надлежните служби за водоснабдување и канализација, противпожарната служба и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кои се подготвуваат да постапат согласно нивната надлежност.

ЦУК ги повикува сите граѓани да останат будни и да ги следат препораките на надлежните служби, како и навремено да пријавуваат опасни или животозагрозувачки состојби на бројот за итни случаи 112.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk