logo
logo
logo

БАЛКАНОТ МАСОВОНО СЕ ИСЕЛУВА, колку Македонци ќе има во државава за 25 години?

Vecer | 11.06.2025

БАЛКАНОТ МАСОВОНО СЕ ИСЕЛУВА, колку Македонци ќе има во државава за 25 години?

Четири држави од Западен Балкан се меѓу првите 20 во светот со најголем пад на населението, со што регионот претставува најзначајна зона на депопулација во Европа со ниски стапки на наталитет и со поголема емиграција од имиграцијата.

Истражувањето на Армас (2023), кој ги разгледа моменталните трендови и процени дека помеѓу 2020 и 2050 година населението во Србија ќе се намали за 19 отсто, во Босна и Херцеговина за 18,2 отсто, во Албанија за 16 отсто и во Македонија за 11 отсто (проценка околу 180.000 жители помалку).

Меѓу 20-те земји, само Јапонија (16,3 отсто) и Куба (10,3 отсто) не се од Јужна, Југоисточна или Источна Европа.

Во последните три децении, земјите од Западен Балкан доживеаја феномен на голема емиграција, па затоа, врз основа на проценката од податоците на UNDESA , Босна и Херцеговина и Албанија се земјите со најголем број мигранти во странство, 49 отсто и 44 отсто, соодветно, од вкупното население, по што следат Македонија и Црна Гора, 34 отсто и 21 отсто, соодветно, додека Србија е земја со најмал број, 15 отсто од вкупното население.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk