logo
logo
logo

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО ДРЖАВНАТА КАРДИОЛОГИЈА. Каде се парите за пациентите и лекарите?

Vecer | 19.11.2025

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО ДРЖАВНАТА КАРДИОЛОГИЈА. Каде се парите за пациентите и лекарите?

Управата за финансиска полиција (УФП) вчера извршила акција во Универзитетската клиника за кардиологија од која било побарано да ја достави целокупната документација за работата на клиниката во последните пет години, дознава порталот мкд.мк

Според информациите започната е предистрага по анонимна пријава за работата на Клиниката за кардиохирургија. Управата побарала од раководството на клиниката да ја предаде целокпуната документација за работата во последните пет години.

„Започната е предистрагата, станува збор за обемна документација. Се испитуваат повеќе финансиски текови“, велат изворите на мкд.

Тие тврдат дека истражувањето на работата на државната Кардиохирургија не е поврзана со изјавата на д-р Сашко Кедев дека клиники вршеле непотребни операции на срце само поради профити.

„Анонимната пријава нема врска со операциите што се изведувале врз некои пациенти. Во пријавата има други наводи“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk