logo
logo
logo

ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ГИ ЧЕКАА БАГЕРИТЕ И ЦЕВКИТЕ И - ГИ ДОЧЕКАА

Vecer | 12.10.2025

ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ГИ ЧЕКАА БАГЕРИТЕ И ЦЕВКИТЕ И - ГИ ДОЧЕКАА

По три децении се гради водовод во Љубанци и Љуботен, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Министерот денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беа во работна посета на општина Бутел, каде извршија увид во градежните работи за изградба на водовод за селата Љубанци и Љуботен.

„Проектот се реализира после три децениското барање на жителите на овие населени места да добијат чиста вода за пиење. Проектот е финансиран од буџетот на Министерството за транспорт во вредност од 106 милиони денари. Проектот се реализира со цел да се обзбедат поквалитетни услови за живот за сите граѓани во општина Бутел“, соопштија од Министерството за транспорт.

Во написот се вели дека е предвидено да се изгради нова пумпна станица на локацијата на постојниот резервоар за висока зона како и да се изградат нови резервоари за двете населени места.

„Со реализција на проектот се гради пумпна станица во Радишани, цевковод од пумпната станица Љуботен до резервоар Љуботен и цевковод од пумпна станица Љуботен до резервоар Љубанци“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk