logo
logo
logo

Мицкоски од Германија: Отвораме врати за домашните компании во европските синџири

Vecer | 13.02.2026

Мицкоски од Германија: Отвораме врати за домашните компании во европските синџири

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на 62. Минхенска безбедносна конференција оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“.

Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и за модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

„Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.

Продолжуваме да разговараме и да привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот Мицкоски од денеска престојува во повеќедневна посета на Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во рамките на конференцијата шефот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни институции. Разговорите, како што информираат од Владата, ќе бидат фокусирани на регионалната геополитичка стабилност и улогата на  Македонија како фактор на стабилност на Западен Балкан и активен член на НА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk