logo
logo
logo

Премиерот не очекува подобрување на односите со Бугарија сè додека СДСМ коленичи

МИЦКОСКИ ГО ПОКАНИ РАДЕВ ДА ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА

Vecer | 08.05.2026

МИЦКОСКИ ГО ПОКАНИ РАДЕВ ДА ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на Македонија на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа.

– Не гледам причина зошто да не го поканам. Ако ова е поканата вака, еве го поканувам – изјави Мицкоски.

Во врска со тоа дали очекува затегнување на односите откога денеска бугарското Народно собрание ја избра новата влада предводена од Радев, а предложена од партијата Прогресивна Бугарија, Мицкоски нагласи дека тој не рекол дека очекува влошување, туку дека не очекува подобрување.

– Сè додека има котиња од СДСМ, кои коленичат и кои ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување. Наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму. Инаку, што се однесува до господинот Радев, кога победи, јас тоа утро му честитав, му се јавив да имаме успешни добрососедски односи. Се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои треба да разговараме – истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk