logo
logo
logo

24 нови пациенти хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје, а се лекуваат вкупно 248 лица

Vecer | 25.02.2021

24 нови пациенти  хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје, а се лекуваат вкупно 248 лица


Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од министерството за здравство.

Според информациите од таму, во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти а 9 пациенти на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 2 пациенти.

„Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од министерството за здравство.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk