logo
logo
logo

И возачи и пешаци непочитувачи на сообраќајните правила и прописи

Vecer | 05.06.2025

И возачи и пешаци непочитувачи на сообраќајните правила и прописи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2025) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за непрописно паркирање 90 санкции, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk